Металург имаше неуспешна мисија во Словенија: лошото второ полувреме донесе пораз во Велење!

Лошата игра во второто полувреме особено во фазата на нападот беше главната причина за поразот на ракометарите на Металург на гостувањето против Горење Велење (23-19) во меч од 8. коло од првата фаза од Лигата на шампионите (ЛШ).

Поразот во Словенија го отежна патот на „металурзите“ кон посакуваното второ место на табелата на кое во моментов е Горење со 12 бодови, два повеќе од македонскиот првак. Избраниците на тренерот Лино Червар, пак, ја сочуваа позитивата од седум голови од првиот меч во Скопје што значи предност за Металург при евентуална бодовна изедначеност со словенечкиот тим на крајот од групната фаза.

Скопјани средбата ја почнаа фуриозно, со водство од 5-2, кое ги шокира навивачите на домашниот тим. Но, потоа следуваше драстичен пад во играта што на најдобар можен начин беше искористен од Словенците, кои максимално ги казнија грешките на тимот од Автокоманда и направија резултатски пресврт за водство од 10-7. До крајот Металург прави серија 3-0 за 10-10 на полувремето.

Во продолжението, македонските ракометари одиграа под посакуваното ниво, нападот не функционираше како што треба што доведе до негатива од дури шест разлика (15-21) при влезот во последните 10 минути од средбата. Но, тогаш делумно проработе одбраната, избраниците на Червар направија неколку контри во серија со што успеаја да го задржат Горење на пристојна разлика, помала од таа на мечот во Скопје.

Наумче Мојсоски со седум голови беше најефикасен кај македонскиот шампион, Дејан Манасков постигна шест, а голманот Дарко Станиќ имаше осум успешни одбрани.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе