Пилешка салата со кари и мајонез

Приготвување:

Сварете го пилешкото и зачувајте ја водата во која се варело. Извадете му ги коските и кожата и исечете го на мали коцки.

Во истата вода сварете ги тестенините. Исцедете ги.

Измешајте ги мајонезот, павлаката, хоплата, карито, шеќерот, солта и црниот пипер. Мешајте додека не станат еднолична смеса.

Во голем сад измешајте ги пилешкото, тестенините, марулата, сувото грозје и бадемите. Одозгора истурете ја смесата со кари. Измешајте внимателно со гумена лопатка. Вкусете и ако има потреба, додајте од она што ви фали.

Ладете ја салатата неколку часа. Послужете.

Состојки:

1,5 кг пилешко

200 г тестенини

5-6 листа марула, искинати на мали парчиња

150 г суво грозје (по желба)

150 г бадеми

150 г мајонез

150 г кисела павлака

250 г неутрална хопла

3 лажици кари во прав, помалку или повеќе по вкус

1 лажица шеќер, помалку или повеќе по вкус

1 лажичка сол

свежо мелен црн пипер

 

Објавено

Вторник, Февруари 5, 2013 - 21:12

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе