Во Бугарија сѐ уште владее диктатурата на Тодор Живков: Македонците протестираат поради срамната одлука на Советот на Европа!

Македонците во Бугарија остро протестираат на неодамнешната скандалозна одлука на Парламентарното собрание на Советот на Европа да го избрише македонското малцинство од Резолуцијата за постмониторинг на Бугарија, од која беа тргнати и Помаците.

Повеќе здруженија и организации на Македонците во Бугарија, предводени од ОМО – Илинден Пирин испратија декларација во знак на протест до Советот на Европа во која се вели:

Во името на организациите на македонското малцинство во Бугарија, го изразуваме нашето огромно разочарување и шок поради отстранувањето на нашето малцинство од конечната резолуција.„Во практиката, од 1963 до денес, остана во сила ставот на бугарскиот диктатор Тодор Живков: „Бугарија нема македонско малцинство, ниту е можно да го има“ , се вели во декларацијата, во која отворено им се кажува на европарламентарците дека бришењето на македонското малцинство од Резолуцијата нема да придонесе за напредок на нивните права, туку тоа ќе се користи како средство за понатамошна дискриминација и за охрабрување на негирањето.

Во протесната декларација се додава дека Македонците во Бугарија немаат забелешки на текстот на резолуцијата, но нагласуваат дека протестираат против „циничните и манипулативни аргументи“ кои биле искажани пред делегатите на Парламентарното собрание.

Шокот, како што велат македонските здруженија, е пред се поради тоа што проблемите со кои се соочуваат во Бугарија, се регистрирани во бројни случаи во Советот на Европа, во извештаите на ЕКРИ и од страна на Комисијата за следење на Рамковната конвенција, во текот на последните 13 години. Потоа во многу изјави од страна на Комесарот за човекови права. Потсетуваат дека неправдите што им ги прави бугарската држава биле предмет на девет судски сослушувања на ЕСЧП, во кои биле презентирани десетици снимени инциденти на негација на правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија. И после се Парламентарното собрание на Советот на Европа, како што е познато, донесе срамна одлука која нема врска ниту со правдата, ниту со вистината, ниту со правото.

Понатаму во декларацијата се вели:

Официјалното признавање на македонското малцинство во Бугарија е неопходно, бидејќи Бугарија спроведува политика на негирање и одрекување. Нашето постоење е негирано од страна на бугарскиот парламент, со официјална декларација во 1990 година. Потоа бугарскиот претседател, преку официјална јавна изјави за медиумите. Од страна на Уставниот суд во 2000 година; од локалниот суд од Софија во 2007 година, и од страна на други судови. Потоа помеѓу 2008 – 2010 негирања имаше од страна на министрите и на другите органи“, потсетуваат македонските организации во Бугарија.

Во декларацијата се наведува уште еден аргумент за тоа како Бугарија го негира постоењето на Македонците, а тоа е пописот во оваа држава кога бугарските власти одбиле да внесат посебна категорија за Македонците со образложение дека „таква етничка група не постои". Во декларацијата се споменува случајот кога во 2010 година, пет јавни службеници во Националниот институт за статистика, дозволиле во нацрт пописот да се воведе посебна категорија "непостоечки етнички групи".

Македонските здруженија ги информираат европарламентарците и дека не постои политичка партија која би ги застапувала интересите и би ги штитела правата на македонското малцинство. Обидите да се регистрираат такви партии, како што се наведува, се одбиени од страна на бугарските власти. Две такви партии се обиделе да се регистрираат во последните 13 години ОМО ПИРИН и ОМО "Илинден" ПИРИН, се наведува во декларацијата во која отворено се кажува дека Македонците во Бугарија се предмет на јавна осуда поради нивниот избор на идентитетот кој се третира како предавство.

Македонците во Бугарија во протестот до Парламентарното Собрание на Советот на Европа пишуваат дека признавањето на Македонците лесно може да се постигне прво со официјална изјава од страна на бугарската владата во која би се навело дека таа го признава нивното постоење:

Со прифаќање на Рамковната конвенција во однос на нашето малцинство. Потоа со воведување категорија за изјаснување на Македонците во следниот попис. Негирањето на нашето малцинство да добие третман на говор на омраза. Да се прифати претставник на нашето малцинство во соодветната комисија за малцинства во Бугарија“, предлагаат Македонците во декларацијата потпишана од ОМО "Илинден" ПИРИН, весникот "Народна волја", Здружението на Репресирани Македонците во Бугарија, Македонското христијанско братство, КПД "Никола Вапцаров", КПД "Илинден", Македонски клуб за етничка толеранција и билтенот "Македонски глас".

 С.М.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе