Албанските институции молчат по барањето на Македонците од Голо Брдо за изучување на македонскиот јазик

Поминаа 20 дена од петицијата на Македонците од Требиште, Голо Брдо со која бараат изучување на македонскиот јазик, но ниту една од надлежните институции во Албанија не одговорила на нивното барање, пренесува весникот „Македониум“.

Претседателот на македонското друштво “МОСТ”, Бесник Хасани за „Македониум“ изјави дека не го изненадуваа овој молк на албанските институции, но Македонците од Голо Брдо нема да се откажат од нивното легитимно барање нивните деца да го изучуваат мајчиниот македонски јазик.

На иницијатива на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо, беа собрани 45 потписи од родителите на децата што учат во основното училиште “10 покојници” во Требиште. Овие потписи заедно со барањето на македонското друштво “МОСТ” на 11 јануари 2013 година, како што информира весникот, беа доставени до Канцеларијата за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Mинистерството за образование на Република Албанија.

После молкот на надлежните институции македонското друштво “МОСТ” прати писмо до Владата на Република Албанија, до Министерството за образование, Народниот првобранител, Комисионерот против дискриминација, Државниот комитет за малцинствата, амбасадите на ЕУ и ОБСЕ во Албанија, како и до амбасадите на Македонија, САД, Србија и Романија во Албанија. Во писмото на македонскот друштво “МОСТ“се вели:

“На 11 јануари 2013 година Друштво “МОСТ” во име на 45 родители прати петиција до Министерството за образование и наука на Албанија, до Регионалната дирекција за образование во Пешкупија и до Канцеларијата за образование во Булќиза која е надлежна за образованието во Голо Брдо, каде со ова петиција родителите на с.Требиште, Општина Требиште бараат нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во деветолетката „10 покојници“ во с.Требиште. Иако помина 20 дена од нашето барање ниту една од надлежните институции не ни вратија никаков одговор. Бараме од ваша страна да помогните, нашите деца да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во основното училиште „10 покојници“.

Потоа во писмото се нагласува дека мајчиниот јазик во Требиште е македонскиот јазик, децата до седум  години не знаат албански јазик и него почнуваат да го изучуваат во училиште и дека нивното барање е врз основа на повеќе меѓународни конвенции и прописи.

 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе