Јелена Јованова: Балансот на техниката за танц со водство на страста е гаранција за успех!

„Танцот со ѕвездите“ е луда забава што носи воспалени мускули, откривање на мускули што не си ни знаел дека ги имаш, забава што носи и непроспиени ноќи, но и преголемо задоволство, вели убавата глумица Јелена Јованова, која ќе ја гледаме во првата сезона на емисијата „Танц со ѕвездите“.

Почна ли да се подготвуваш за емисијата „Танц со ѕвездите“ и како изгледаат подготовките?

И психички и физички подготовките се во тек (се смее). Кога ми се јави продуцентот Огнен Антов и ми понуди соработка, на драго срце реков „да“ за оваа забава што ќе следи. Големо браво за него и за МТВ што го чинат ова можно. За жал, првиот месец кај мене беше доста тежок, бидејќи имав повреда и речиси четири недели бев со бандажирана нога и не можев да се дадам до крај и најкреативно. Но сега сум добра, па во месецов кој претстои ќе морам добро да се мобилизирам за да постигнам. Најважно од се е дека верувам, дека немам повеќе страв, зашто како што реков, а тоа ќе го слушнете во првата емисија – не верувам дека добар танчар е само оној со одлична техника. Балансот на техниката со водство на страста е гаранција за успех.

 

Кој од танците најмногу ти оди?

Кога започнаа подготовките, не знаев ни кој танц точно спаѓа во латино а кој во стандард. Во првите две емисии на мене и на мојот партнер Христијан Димитровски ни се паднаа Танго и Пасо добле. Потешко но и пострасно и потеатрално нешто – здравје. Сепак, од ова до сега вкусеното мислам дека мојот нерв најмногу го следи нервот на латино танците. Иако сум скромна во облини (се смее).

Во кого од натпреварувачите гледаш најсериозен кандидат?

Во себеси. Искрено. Пред сè ова е забавно шоу. Ова е луда забава, која носи воспалени мускули, откривање мускули за кои не си ни знаел дека ги имаш, забава што носи и непроспиени ноќи, но и преголемо задоволство. Реков и стојам зад тоа дека ова е натпревар со самата себе. на моето ослободување, будење на телото и препуштање на овој вирус кој и тоа како добро си ја заврши својата работа кај мене. Ме зарази непоправливо. Без разлика на тоа колку ќе се задржам во овој проект, знам дека ќе продолжам да танцувам и после него. Танцот може да биде прекрасна медитација!

Дали спроведуваш и специфичен режим во исхраната?

Внесувам сè што е потребно за пред и по тренинг, а од пред некој ден откако ногата целосно ми заздраве, почнав да работам и со личен тренер во „Лефит“ каде се грижат за ефикасноста на моите тренинзи, каде секојдневно мотивацијата ми расте и заедно се бориме за подобрите резултати. Првпат се дружам со „пауер-плејт“, магичен е.

Си се занимавала ли вака сериозно со танц и претходно?

Вака сериозно за жал, никогаш. Благодарение на предметот сценски движења и танци на Академија и на професорката Кренаре Нефзати Кери, која мака мачеше со нас, имаме добра и плодна база за работа. Но вака професионално посветена на танц од овој тип, за разлика од некои други ѕвезди во шоуто, не сум била никогаш. Ни како дете ни сега. Но затоа предизвикот беше и поголем. Се надевам ќе се забавуваме сите до крај. А тоа што веќе го чувствувам кај себе на сцена, како резултат на дружењето со танциве, до сега е мојата и тоа како подобрена координација на телото. Мене ми претстои работа, на Христијан, партнерот во емисијата, губење нерви со мене (се смее), а вам најубавото – насладувањето.

 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе