Овчарска пита

Приготвување:

Загрејте го маслото во голема тава на средна температура. Додајте ги кромидот, морковот и целерот и динстајте ги мешајќи 5 минути, додека да омекнат. Додајте го меленото месо и со мешање динстајте 5 минути, или додека месото да ја смени бојата.

Додајте го брашното и динстајте со мешање 2 минути, или додека да се добие компактна смеса. Додајте ги супата од коцка, дафиновиот лист, сосот Вустершир и доматниот сос. Додајте ги пченката и грашокот. Оставете да зоврие. Намалете ја температурата и со повремено мешање динстајте 30 минути, или додека сосот да згусне. Зачинете со сол и црн пипер.

Во меѓувреме, варете ги компирите во солена зовриена вода 15 минути, или додека да омекнат. Добро исцедете ги. Истурете ги во сад со путер. Гмечете ги додека да станат компактна смеса. Додајте го млекото и мешајте со дрвена лажица додека убаво да се спојат состојките. Зачинете со сол и црн пипер.

Загрејте ја рерната на 200°Ц. Истурете ја смесата со меленото месо во огноотпорен сад за печење со обем од 2 литри. Одозгора истурете го пирето и убаво измазнете го. Попрскајте го со стопен путер. Печете 20 минути, или додека пирето да стане златно-кафеаво. Сервирајте веднаш.

Состојки:

1 лажица маслиново масло

1 кромид, ситно сечкан

1 морков, ситно сечкан

2 страка целер, ситно сечкан

500 г мешано мелено месо 

2 лажици брашно

пакетче пченка

пакетче грашок

500 мл супа од коцка

1 сушен ловоров лист

1 лажица сос  Вустершир

1 чаша доматен сос

сол

црн пипер

4 компири (приближно од по 200 г), лупени, сечкани

3 лажици путер

130 мл млеко

топен путер, за попрскување

 

Објавено

Сабота, Ноември 16, 2019 - 17:20

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе