Да за лидерска средба, но не и за предвремени парламентарни избори. Ова синоќа во емисијата Миленко Неделковски Шоу на Канал 5 телевизија го изјави премиерот Никола Груевски. Досега, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјавуваше дека е за решавање на проблемите преку институциите на системот.
Во СДСМ досега изјавуваа дека тие се за политички дијалог за да се дојде до решение, но истакнуваат дека не отстапуваат од барањето за предвремени парламентарни избори.
Груевски и за време на вчерашната емисија уште еднаш потврди дека е против предвремени парламентарни избори. И ДУИ, коалицискиот владин партнер на ВМРО- ДПМНЕ се против предвремени парламентарни избори.