Фреските на Лазески двапати изгореа, еднаш во пожарот, вторпат во индиферентноста

Засега не се знае дали муралите од Борко Лазески, доајен на македонското современо сликарство, што се наоѓаа во фоајето на „Македонска пошта“, се оштетени или можеби уништени. Надлежните од скопскиот Центар за конзервација вчера не можеле да направат увид. Тие повторно ќе се обидат да влезат во објектот.

Кога ќе се сетам колку Борко веруваше дека остава вредни дела за идните генерации. Се залагаше за уметност што ќе им биде достапна на сите. А дошло време на генерации на слепи. Фреските двапати изгореа, еднаш во пожарот, вторпат во индиферентноста“, вели ќерката на Лазески, Росица.

Од Управата за заштита на културното наследство рекоа дека ниту едно од уметничките дела не било ставено под заштита како културно наследство.

Тоа се понови дела, кои Лазески ги создаваше во 70-тите и 80-тите години на теми од Народноослободителната борба. Ниту едно не беше под заштита. Вчера немаше услови колегите да направат увид. Таму сигурно е хаос“, изјави Валентино Димитровски, раководител на одделението за движно културно наследство при Управата.

Се сеќавам на зборовите на Борко. Тој велеше – Железничката станица се сруши, ама поштава не може. Направена е во бетон да издржи земјотрес од најмалку 11 степени. Искрено жалам, мислев дека тоа дело ќе трае, а излезе обратно“, рече професорот Бранко Јакшиќ, академски скулптор.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе