Вредни кубистички фрески на Борко Лазески се уништени во пожарот во поштата

По уништените фрески на скопската железничка станица по земјотресот во Скопје во 1963 година, пред два дена во пожарот во главната пошта изгореа и други фрески на познатиот македонски уметник Борко Лазески.

Уништени се пет големи кубистички фрески со мотиви од Народноослободителната борба во Македонија, создадени во 1981 година. Фреските на Борко Ласески на површина поголема од 200 квадратни метри беа поставени на ѕидовите на главната сала од главната пошта.

Мојот татко се залагаше за јавна уметност, за уметнички дела достапни за сите, тој секогаш сметаше дека уметноста им припаѓа на сите, па затоа неговите главни дела се поставени на јавни места“, вели Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески.

Од „Македонска пошта“ велат дека сѐ уште немаат целосна процена на штетите од пожарот, но дека тие не се мали.

Муралот на Лазески, изработен во акрилна техника, со години ја красеше просторијата во која влегуваа странките во поштата.

Од Управата за заштита на културното наследство најавуваат дека ќе направат комисија што ќе ја процени штетата на муралот и ќе донесат одлука за негова евентуална санација.

Сѐ уште не сме направиле увид на самото место, бидејќи нема услови за тоа и немаме никакви информации во каква состојба се наоѓа муралот. Во вакви ситуации постои процедура, која ние ќе ја почитуваме. Како културно добро, тој треба да има посебен третман. Ако има помали оштетувања, ќе се прави реконзервација“, изјави Паско Кузман, директорот на Управата за заштита на културното наследство.

Уметникот Борко Лазески (1917-1993) е познат како првиот македонски посткубист. Го карактеризираат динамични искршени линии, а носечки мотиви му се сцени од Втората светска војна. Неговите мурали се наоѓаат во повеќе јавни објекти во земјава, како на пример муралите на споменикот „Македониум“ во Крушево, во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, а негови фрески се наоѓаат и во Мексико.

А.Д.

Фотографија: Александар Кондев

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе