Промовиран олимпискиот факел за Сочи 2014 година

Олимпискиот факел кој ќе го прошета светот низ најдолгата турнеја во историјата пред Зимските Олимписки игри во Сочи во 2014 година беше промовиран денеска во Москва.

Алуминиумскиот факел е висок 95 сантиметри и тежок нешто повеќе од 800 грама, а во средината ја има црвената боја, традиционална боја на руските спортисти. Факелот ќе ја има најдолгата турнеја низ светот пред да простигне во Русија и на крај да заврши во Сочи. Се најавува дека првпат во историјата, факелот би можел да стигне и до вселената.

„Патот на олимпискиот факел ќе биде најдолг во историјата на олимпизмот. Олимпискиот оган ќе ја посети највисоката европска планина Елбрус, потоа Бајкалското езеро, северниот пол, а се надеваме дека ќе отиде и во вселената“, рече претседателот на организацискиот одбор, Дмитриј Чернишенко.

Организаторите посочија дека основен фокус на олимпискиот факел ќе биде безбедноста, но и контролирањето на пламенот сооглед на зимските услови и „разните изненадувања кои ги крие руската зима“.

Факелот ќе го нозат 14.000 луѓе од 83 општини у 2.900 руски области, а штафетата ќе започне да ја мине својата дестинација четири месеци пред стартот на Игрите на 7 октомври годинава. За потребите на ЗОИ во Зочи беа потрошени 14 милијарди евра и Игрите ќе се одржат од 7 до 23 февруари.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе