Евгенија Нацилиду: и се заканувале по живот зашто ги брани правата на Македонците во Грција

Евгенија Нацилиду, активистка за правата на Македонците и претставник на Обединетата македонска дијаспора за Грција се соочува со медиумски притисок и закани.

Нацилиду деновиве поднесе тужба против грчкиот неделен таблоид Прото Тема поради текстот објавен во декември во кој таа е обвинета дека со валкани пари води иредентистичка пропаганда против Грција. Нацилиду, која е коосновач на македонскиот културен центар во Воден, во текстот се прозива поради нејзините изјави и коментари во САД и во Канада, каде со повеќе други учесници таа зборуваше за постоењето на македонска, албанска и турска заедница во Грција. Прото Тема ги повикува грчките служби за истражување на финансиски криминал да го испитаат работењето на Нацилиду.

Нацилиду добила и смртни закани преку социјалните мрежи поради нејзината активност за правата на Македонците. Таа вели дека и културните активности во центарот во Воден се под притисок, откако при крајот на ноември грчки новинар влегол за време на час по танцување и почнал да ги фотографира сите присутни.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе