Меси: Се надевам дека ќе освојам уште некоја „златна топка“

Аргентинскиот волшебник Лионел Меси, кој влезе во легендите како прв фудбалер со четири „златни топки“ во историјата посака многу повеќе успеси во 2013 година во однос на минатата, но призна дека не е сигурен оти може да биде подобар од тоа што беше во 2012-та, кога сруши низа голгетерски рекорди.

Меси посака во 2013 година повеќе трофеи со Барселона, но има и желба да освои уште некоја „златна топка“. Во минатата година, тој со 50 голови беше „златна копачка“, стигна до неверојатни 73 гола во една сезона, 91 погодок во една календарска година, четирипати по ред е прв стрелец во ЛШ...

„Се надевам дека ќе освојам уште некоја ’златна топка’. Сега уживам во моментот. Јас гледам само напред, но мора да бидам искрен и да кажам дека не сум сигурен оти секоја година можам да давам по 91 гол. Секоја ’златна топка’ не носи исти емоции, но секоја ме прави среќен. Првата во Париз беше уникатна, втората не ја очекував, а третата ми донесе голема чест за застанам покрај легенди како Мишел Платини и Јохан Кројф“, рече Меси.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе