Македонците од Голо Брдо, со петиција до албанските институции бараат македонски јазик во училиште

Воведување македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште, Голо Брдо бараат родителите Македонци кои со петиција собрале 45 потписи во организација на македонското друштво „ Мост“.  

Овие потписи, како што информира весникот „Македониум“, заедно со барањето на македонското друштво “МОСТ” на 11 јануари 2013 година се доставени до Канцеларијата за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Mинистерството за образование на Република Албанија. Во барањето на македонското друштво “МОСТ” стои:

“Друштвото “МОСТ”, со седиште во Требиште, Општина Требиште, е регистрирано во Окружниот суд во Тирана на 21 декември 2011 година, и негова мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Голо Брдо, како и заштита на јазикот и образованиете на македонски јазик во Голо Брдо. Македонците што живеат во Голо Брдо беа признаени од албанската држава од 1945 до 1949 година, ова го потврдуваме со изводите од тоа време каде ни беше запишана националноста Македонец, како и училиштата што се отворија на македонски јазик во тој период, со македонски учители од Македонија. Мајчиниот јазик кој што се зборува во Требиште, Голо Брдо е македонскиот јазик, децата до 7-та години незнаат албански јазик и него почнуваат да го изучуваат во училиште.

„Здружението “МОСТ” во име на 45 родители кои потпишаа петиција за воведување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште, бара да се воведи предмет за изучување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште. Оваа петиција на родителите е врз основа на Уставот на Република Албанија, Законот за образование на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, условот што е поставен на Албанија за исполнување на 11-та препорака на Европската комисија за почитување на правата на малцинствата, за добивање на кандидатски статус на земја кандидат за членство во ЕУ, и други конвенции и закони што нашата држава ги има потпишано за правата на човекот и на малцинствата. Се надеваме дека ова петиција на родителите на децата од училиштето “10 покојници”, ќе биде прифатено, бидејки со вработување на еден наставник по македонски јазик ке се реши ова барање“ пишува во барањето на македонското друштво „Мост“.

Претседателот на македонското друштво “МОСТ”, Бесник Хасани кој е главниот иницијатор на оваа петиција за весникот „Македониум“ изјави дека ќе чекаат да се произнесат надлежните институции за нивното барање и доколку не добијат позитивен одговор, решени се да се жалат кај сите албански и меѓународни институции и ќе ги употребат сите легитимни средстава за реализирање на ова нивно легитимно право.

Од македонското друштво “МОСТ” најавуваат дека ќе продолжат со собирање на потписи за воведување на македонскиот јазик и во Општините Стеблево и Острени во Голо Брдо.

Областа Голо Брдо во Албанија административно поделена е на три општини Требиште, Острени и Стеблево, опфаќајки 20-на села населени со Македонци. Тука Македонците не се признати од страна на албанската држава и немаат право да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата, иако го зборуваат. Единствено, како што пишува весникот, се признаваат Македонците во Мала Преспа кои имаат минимални права и го изучуваат во училиштата македонскиот јазик.

Албанскиот премиер Сали Бериша при ланската посета на Македонија, на зедничката прес-конференција со македонскиот премиер, Никола Груевски, на прашање на новинарите за правото на Македонците да се образуваат на мајчин јазик изјави:

“Ве уверувам дека Македонците и секој граѓанин на Албанија имале, имаат и ќе имаат неоспорно право да се образуваат на јазикот на кој што сакаат. Земјата ги има најдобрите стандарди според меѓународните документи за образување на малцинствата”, истакна Бериша.

Политиката на Албанија кон Македонците и другите малцинствата е двозначна, пишува „Македониум“, Од една страна не се почитуваат правата на малцинствта во Албанија, иако Албаниија е потписник на Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, додека од друга страна многу гласно се жали за правата на албанското малцинство во соседните земји. Останува, како што велат, да се види дали петицијата на Македонците од Голо Брдо ќе најде на одобрување од страна на албанските институции.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе