Грчките весници за посетата на медијаторот: Нимиц со стари идеи во нов пакет

Под наслов „Нимиц со стари идеи во нов пакет“, грчкиот весник  „То Вима“ пишува дека идеите на медијаторот Метју Нимиц за кои се разговарало во Атина и Скопје не се нови туку се комбинација на стари размислувања во ново пакување. Овој заклучок произлегува од неговите изјави дадени во Скопје по средбите со државниот врв, вели весникот. За време на разговорите во Скопје на маса биле идеи подобро формулирани од порано во формат за кој Нимиц верува дека е поатрактивен и ги опфаќа барањата на двете страни.


Грчките медиуми главно забележуваат дека по последната посета на медијаторот на Атина и Скопје тој заминува охрабрен затоа што властите на двете земји го увериле дека сакаат да се реши прашањето за името. Медиумите објавуваат целосни извештаи за посетата на Нимиц на Скопје, пренесувајќи ја веста на државната новинска агенција АНА-МПА која истакнува дека властите на двете земји изразиле желба за решавање на прашањето за името.

Грчкиот весник Етнос“ ја пренесува изјавата на Нимиц дека „двете страни се блиску до сериозен и конструктивен приод кон проблемот за името“ и оти за Њујорк си заминува охрабрен со ветување дека ќе го интензивира преговарачкиот процес.

„Елефтеротипија“ истакнува дека тој позитивно одговори на прашањето дали верува дека по 20 години има шанси да се најде решение за името. „Та Неа“, цитирајќи го Нимиц потсетува дека тој на ова прашање работи од 1994 година и ја пренесува неговата изјава дека не се работи за сосема нови идеи, туку дека работите се развиваат и секогаш постои можност за креативност за да се постигне позитивен заклучок.

„Катимерини“ објави коментар во кој се прашува „зошто дојде Нимиц“ одговарајќи „за да се обиде да го одржи во живот преговарачкиот процес кој избледува и да разговара со двете страни за идеи како да се доближат една до друга, или како ’да се најдат’“. Весникот заклучува дека за да се постигне договор треба една од страните да отстапи од своите „црвени линии“, но прашањето е која?

Покрај извештаите за средбите на Нимиц со Скопје, сите грчки медиуми ја пренесоа и изјавата на портпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд дека САД отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц за решавање на долгогодишниот спор.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе