Медијаторот на ОН, Метју Нимиц денеска во Скопје имаше средби со претседателот Ѓорге Иванов и со шефот на дипломатијата Никола Попоски. Попладнево Нимиц во Владата ќе има средба со премиерот Никола Груевски.
„Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме“, рече Нимиц.
Медијаторот нагласи дека не може да открие што презентирал, но изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.