САД се надева дека Македонија и Грција ќе најдат прифатливо решение за спорот со името.
Ова го изјави портпаролката на Стејт Департментот, Викторија Нуланд, на редовен брифинг со новинарите во Белата куќа во Вашингтон.
„Се надеваме дека лидерите на Македонија и на Грција ќе бидат во можност да најдат заемно прифатливо решение за прашањето за името и оти ќе ги искористат напорите на амбасадорот Метју Нимиц да се изнајде решение“, изјави таа.
Нуланд додаде дека САД отсекогаш ги поддржувале напорите на Нимиц околу спорот за името.
„Кога тој од нас ќе побара да помогнеме, тогаш ние се обидуваме да бидеме корисни и да му излеземе во пресрет. Ги следиме неговите патувања и со нетрпение очекуваме да го слушнеме“, изјавила Нуланд.