Заштитениот сведок ја смени изјавата дека Демири и Исмаиловиќ го признале убиството

Сведокот Хаки Азири кој подоцна стана обвинет во случајот „Монструм“ ја смени изјавата која ја има дадено, објаснувајќи дека бил под притисок и дека се плаши за својот живот.

Пред Истражен судија тој детално ја објасни улогата во грозоморниот чин, дури рече дека го мачеле кошмари и не можел да јаде се додека на судијата не ја кажал вистината.

Судот го соочи Азири со сам себеси и го пушти неговиот исказ даден пред истражен судија на седми мај.

Според неговата изјава, тој телефонски се договорил со обвинетиот Алил Демири, кој е во бегство, следниот ден, на 12 април, да се видат околу 12 часот. Азири отишол до домот на Демири и од таму заедно се упатиле во домот на Африм Ислаимовиќ. Африм, кој истот така е во бегство, му кажал дека во попладневните часови треба да завршат некои нерасчистени сметки.

Во 18 часот, Хаки Азири, со своето возило “мазда 626“ го земал  обвинетиот Агим Исмаиловиќ и да го однел во Топанско поле, од каде требале да земат некое возило. Во Топанско поле на паркинг во близина на последната автобуска постојка на автобусот со број 9, Исмаиловиќ од паркинг зел автомобил “опел омега" со црвена боја и заминал во непознат правец.  Според предходниот договор, Азири околу 20 часот на обиколницата кај Качанички пат ги чекал обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои дотаму дошле со опелот, се качиле во неговото возило.

Хаки Азири во исказот јасно посочува дека тие му кажале „Направивме пиздарија, убивме човек“! Демири и Исмаиловиќ, според исказот, кога влегле во автомобилот не носеле оружје.

Како што изјавил Азири, за убиството дознал вечерта, на Интернет. Побарал објаснување од Демири, но тој само ја спуштил главата доле.

Азири објаснил пред истражен судија дека прифатил да ги вози, сметајќи дека под нерасчистени сметки, Алил и Африм, подразбирале наплата на стар паричен долг.

Денес во Кривичниот суд тој ја негираше сопствената изјава и рече дека нема никаква поврзаност со обвинението. Вели дека е човек кој се грижи за своето семејство и дека кога го уапсиле на 1 мај за прв пат видел полициска станица.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе