Метју Нимиц: Убаво е да се биде пак во Скопје

Медијаторот Метју Нимиц попладневно пристигна во Македонија, а се очекува утре да има средби со македонскиот државен врв и да даде идеи за надминување на долгогодишниот спор, откако тоа вчера го направи во Атина.

Метју Нимиц

Засега официјално е најавена само средбата утре изутрина со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а дополнително се очекува да се соопшти и агендата за средби со шефот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

По пристигнувањето, не сакаше да зборува дали е дојден со предлог за решавање на спорот, само посочи дека цели кон напредок.

„Убаво е да се биде пак во Скопје. Јас ќе работам навистина напорно за да видиме дали можеме да постигнеме некаков напредок“, изјави Нимиц по пристигнувањето.

Нимиц во Грција имаше средба со премиерот Андонис Самарас и министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбата тој изјави дека грчката Влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името.

Медијаторот Нимиц изрази задоволство што на средбата присуствувал и Самарас и истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“ и информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

„ Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме“, рече Нимиц.

Тој нагласи дека не може да открие што презентирал, но изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение“.

Грчките дипломати посетата на Нимиц на Атина ја оценија како одбележување на „многу раната фаза“ од новите напори за решавање на спорот, пишува денеска провладиниот „Катимерини“. Весникот посочува дека извори од МНР потврдиле оти медијаторот не донел специфични предлози туку презентирал „рамка“, која може да биде употребена за да се најде решение. Врз основа на ова, истите извори изразиле оптимизам дека предлогот што ќе го донесе Нимиц на следниот состанок ќе го задоволи барањето на Грција за решение кои ќе содржи географска одредница.

Американскиот Стејт департмент, пак, ги повика Македонија и Грција да ја искористат посетата на посредникот Нимиц на двете земји за да се најде решение.

„Нашиот став со годии наназад е дека го поддржуваме процесот во Обединетите нации, и се надеваме дека Македонија и Грција ќе го искористат за да се изнајде решение на спорот за името“, изјави за МИА висок претставник на Стејт департментот.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе