По посетата на Атина медијаторот Нимиц денеска пристигнува во Скопје

Метју Нимиц, посредникот во спорот за името со Грција, денеска ќе пристигне во Скопје откако деновиве беше во посета на Атина.

Нимиц во Грција се сретна со Андонис Самарас, премиерот на Грција, и со министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос. По средбите тој изјави дека грчката Влада била искрена во заложбите да постигне договор со Македонија околу прашањето за името. Според него, на средбите со државниот врв на Грција било разговарано за идеи за решение на проблемот.

„Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме уште во ноември во Њујорк. Имам некои свои размислувања кои ги презентирав тука. Истото ќе го направам и во Скопје, и да видиме дали можеме да се доближиме некако“, изјави Нимиц по средбите во Атина.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе