Бугарски академик тврди: Бугарија никогаш не ја окупирала Македонија оти населението никогаш не пружило отпор кон своите браќа!

За време на Втората светска војна немало бугарска окупација врз Македонија затоа што немало отпор од страна на населението кон бугарската војска.

Бугарски полицајци  во 1942 година позираат пред отсечени глави на македонски револуционери

Ова во интервју за агенцијата Фокус го тврди бугарскиот историчар и академик Георги Марков.

На прашањето дали бугарските политичари треба да се извинат за масакрот кај Ваташа, Марков одговора:

"Неодамна ги издадовме спомените на генерал  Васил Бојдев кој беше командант на Петтата армија  со седиште во Скопје, и тоа од летото 1941 до мај 1944 година. Царот Борис јасно му напоменува на Бојдов да биде внимателен со населението во Македонија оти било многу напатено, и никако да не дозволувал да дојде до братоубиствена војна. Кога старите војводи му велат на генералот Бојдов дека треба да им се одмаздат на српските поданици во Македонија, Бојдов одречно им рекол дека такво нешто не доаѓа во предвид и дека треба да запре пролевањето на братска крв“, вели Марков и додава дека повеќе од 70 отсто од Петтата бугарска армија во Скопје била составена од локално младо население од Македонија.

„ Не може да се зборува за окупација кога воопшто немало отпор од страна на населението во Македонија. Одделните напади што се случија врз бугарската војска се исценирани инциденти од страна на Тито и Светозар Вукмановиќ – Темпо. Нивни уфрлени групи убиваа бугарски војници за после да се прикажат дека тоа го правело бугарското население во Македонија. Но, тоа беа само несреќни и монтирани инциденти, а никако отпор на населението во Македонија кон бугарската војска. Тоа беше фалсификат направен од југословенската историографија и затоа нема зошто бугарските политичари за било што да им се извинуваат на сегашните скопски управници“, вели Марков.

Масакрот во кавадаречкото село Ваташа се случи на 16 јуни 1943 година. Тогаш бугарските окупаторски сили во земјава стрелаа 12 млади комунисти. Масакрот беше изведен во близина на Моклиште, кај месноста Чаир, на дванаесет километри од Ваташа. Колежот врз младите македонски комунисти го извршија одреди на бугарската војска и полиција. Беа стрелани Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп Ѓоргиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе