Обвинетите во „Монструм“ изјавија дека не се виновни за петкратното убиство кај Железарско Езеро

Двајца од шестемина обвинети за петкратното убиство кај Железаското Езеро во Скопје денеска пред Кривичниот суд се изјаснија како невини по однос на обвинението дека го извршиле убиството.

На денешното рочиште својата одбрана ја дадоа Агим Исмаиловиќ и Фејзи Азири. И двајцата рекоа дека не се виновни за убиствата кај Железарско Езеро.

„Категорично тврдам дека никогаш во животот не сум извршил убиство. Не е вистина тоа што го пишува во обвинението. Никогаш не сум имал голема брада и не сум имал таков изглед како што ме опишал заштитениот сведок Е1. Според него, на денот на убиството јас сум бил на местото и тој ме видел лично. Тоа не е вистина, бидејќи јас во тоа време бев на молитва во џамија“, изјави Исмаиловиќ пред Судот.

Неговиот брат Африм Исмаиловиќ, кој исто така е обвинет во случајот Монструм, е во бегство.
„Мојот брат избега оти требаше да оди во затвор, ама за друго дело, а не заради убиство“, рече Исмаиловиќ.
И Фејзи Азири ги отфрли обвинувањата и изјави дека најголем дел од обвинетите во случајот не ги познава.

Во случајот Монструм шестмина се за тероризам, а нивна цел според обвинителството била преку убиство на граѓани од македонска надионалност да предизвикаат чуство на несигурност и страв кај населението.
Како што се наведува во обвинителниот акт, тие подолго време го набљудувале теренот околу езерото со цел да го испланираат и извршат убиството. Убиството наводно го извршиле Агим и Африм Исмаиловиќ и Алил Демири кои од 1,5 метри оддалеченост испукале дваесетина куршуми во четирите момчиња, а потоа со пет куршуми го убиле рибарот Борче Стефановски и заминале од местото. Помагачи на горенаведените тројца им биле  Хаки Азири, Рами Сејди и Фејзи Азири.
На 12 април минатата годинава на брутален начин беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефановски.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе