Нимиц по Атина во Скопје доаѓа со оптимизам

Аврамопулос и Нимиц

Грчката влада со голема искреност сака да се постигне договор за прашањето за името, изјави медијаторот Метју Нимиц по денешната средба со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, на која дваесетина минути присуствувал и премиерот Андонис Самарас.

Нимиц изрази задоволство што на средбата присуствувал и Самарас и истакна дека имале „куса, но интензивна дискусија“, јави дописникот на МИА од Атина. Медијаторот информира дека презентирал некои идеи за кои разговарале во детали.

„Не сакам да го употребувам зборот предлог, туку повеќе идеи за кои зборувавме во ноември во Њујорк. Имам некои размислувања што ги презентирав тука. Тоа ќе го направам и во Скопје и да видиме дали можеме да се доближиме“, рече Нимиц.

Тој нагласи дека не може да открие што презентирал и повтори дека се бара заемно прифатливо решение за прашањето за името. Најави оти утре оди за Скопје за да разговара со македонската Влада и изрази уверување дека дискусиите можат да се забрзаат и да се постигне „некакво решение".

„Бараме заемно прифатливо решение за прашањето за името. Сите знаат за што станува збор, спорот постои веќе 20 и повеќе години, ни треба формулација која ќе функционира. Продолжуваме да се обидуваме, мислам дека има конструктивно размислување во моментов и тоа ми дава надеж, истакна медијаторот.

Запрашан дали сега е време за решавање на името, Нимиц рече дека ова го работи долго време и прашањето е дали има време кое е совршено за решавање на ова прашање.

„Има две земји, различни влади, различни работи се случуваат и во целиот период во кој работам на ова прашање, никогаш не е апсолутно совршено време. Затоа мора да се употреби времето што се има конструктивно и сигурен сум дека оваа Влада во Атина, иако има многу прашања на маса, таа е многу искрена по ова прашање и сака да се реши. И во Скопје се надевам дека ќе има сличен став“, изјави медијаторот.

На прашањето на МИА дали е оптимист, тој одговори потврдно.

„Ако не бев оптимист, немаше сè уште да го работам ова“, нагласи Нимиц денеска во Атина.

Пред средбата во Атина грчките медиуми објавија дека Нимиц предлага три варијанти за името со географска одредница меѓу зборовите Република и Македонија – Горна, Вардарска и Северна.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе