Меси: Би ги менувал „златните топки“ за мундијалска титула

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси призна дека светска титула со Аргентина е единственото нешто што му недостига и призна дека би менувал „златни топки“ за една таква светска титула со „гаучосите“. Меси пред два дена четврти, рекорден пат ја доби најпрестижната годишна награда што ја доделуваат ФИФА и „Франс фудбал“.

„Победа на СП е тоа што ми недостига. Вистината е дека би менувал златни топки за мундијалска титула. Отсекогаш тоа сум го чувствувал. Ништо не се споредува со фактот да бидеш светски првак. Мој сон бил и ќе остане да освојувам трофеи со Барселона и Аргентина“, рече Меси, кој минатата година постави рекорд со 91 гол во календарска година.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе