Како објаснија Меси и Роналдо, зошто не гласале еден за друг?

Откако ФИФА објави дека Лионел Меси по четврти рекорден пат ја освојува „златната топка“, светската организација ги објави листите со гласовите по земји што ги добија фудбалерите за најзначајната награда за тековната година. Интересно, ниту добитникот Меси, ноту неговиот најголем ривал, Роналдо не си дадоа по барем еден бод.

Откако и двајцата биле запрашани зошто не гласале еден за друг, одговорите им биле безмалку смешни. Впрочем, Роналдо, иако е капитен на Португалија, воошто и не гласал, туку наместо него, гласал Бруно Алвеш. Многумина потегот го протолкуваа шанса за дополнителни гласови за Роналдо, затоа што од португалскиот табор тој во случајот да гласал нема да можел да си даде најмногу гласови за себе.

„Кога беше време да се гласа, јас поради повреда ја напуштив репрезентацијата, па наместо мене гласаше Бруно Алвеш“, проба да се извади Роналдо.

Сонародникот гласал за Роналдо, Фалкао и Ван Перси. Од друга страна, Меси за разлика од Роналдо гласаше во изборот и своите гласови ги даде за Андрес Иниеста, кој беше трет меѓу номинираните за наградата, Чави и Серхио Агуеро.

„Мојата идеја беше да гласам за своите соиграчи од Барселона, затоа ги избрав Чави и Иниеста. Третиот избор беше сонародникот Агуеро. Да се разбереме, би било глупаво да сметате дека Кристијано не е меѓу најдобрите. Едноставно, мислев дека овие тројца би требало да ги добијат моите гласови“, рече Меси.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе