Нимиц ги подгреа очекувањата во Атина, но не и во Скопје

Метју Нимиц

Грција, преку изјавата на шефот на грчката дипломатија Димитрас Аврамопулос, смета дека денешното доаѓање на посредникот на ОН за името Метју Нимиц ќе донесе развој во решавањето на проблемот  каков што посакувале и можела да создаде услови за напредок. Последниве месеци политичарите и на Грција и на Македонија навистина малку ја спуштија топката, двете страни почнаа преку писма меѓусебно да комуницираат на ниво на министри за надворешни работи, па очекувањата барем на грчката страна, по ноемвриската средба на посредниците, се оптимистички. Засега, од македонска страна нема официјална изјава за тоа што ново може да се очекува од новата рунда разговори.

Сепак, од она што може да се слушне од грчките политичари, нивната позиција не е променета ни за милиметар – едно име за севкупна употреба со некаква одредница, менување на устав и пасоши и отворени позиции во однос на употребата на придавката „македонски“.

Пред посетата на Нимиц, грчкиот весник „Kатимерини“ објави дека посредникот доаѓа со нов или стар предлог за името – Република Северна Македонија. Весникот пишува дека оваа нова иницијатива е резултат на контактите што Нимиц ги имал со претставниците на двете земји, амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантос Василакис во Њујорк. Весникот објавува дека во игра било и името Република Вардарска Македонија и дека се размислува за усвојување сложено име за билатералните односи и за меѓународните организации и препорака до сите држави, со резолуција на Советот за безбедност на ОН за поширока меѓународна употреба. Повеќе земји кои ја признаа Македонија под нејзиното уставно име досега се изјасниле дека ќе го прифатат името што ќе биде договорено.

На последниот самит на ЕУ решавањето на прашањето за името беше поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори, па оттука во Грција очекуваат Македонија да биде пофлексибилна.

Сепак, од сето ова навистина е тешко да се очекуваат некакви посериозни информации во правец на решение за името ако се знаат црвените линии на Грција и целокупната ситуација во која се наоѓа оваа земја.

А.Д.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе