Роналдо не им прави ќеф на Пандев и на Јаневски: Португалецот не доби ниту еден поен од Македонија!

Лионел Меси ја доби „златната топка“ на попладневната церемонија во Цирих, а токму таков исход прогнозираа и македонскиот селектор Чедомир Јаневски и капитенот на националниот тим, Горан Пандев.

И двајцата му доделија по максимални пет бода на генијалецот од Барселона, но зачудува фактот што второпласираниот Кристијано Роналдо не доби ниту поен од Македонија. Така, покрај петте бода за Меси, нашиот селектор Јаневски три бода му додели на Икер Касиљас, голманот на Реал Мадрид, а еден поен отиде на контото на плејмејкерот на Јувентус, Андреа Пирло.

Пандев, пак, покрај петте поени за Меси, гласаше и за Робин ван Перси (три бодови) и за Чави Ернандез (1 бод).

Македонскиот селектор никогаш во својата кариера нема водено тим против екипа во која настапувал Роналдо, а Пандев минатиот мај се соочи со напаѓачот на Реал Мадрид и тоа на пријателскиот дуел против Португалија, во кој ремизиравме без голови.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе