Меси: Ништо нема да ми значи „златната топка“ ако не ја освоиме Ла Лига или ЛШ

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси останува најголем фаворит за освојување на „златната топка“ на ФИФА и „Франс фудбал“, која денеска треба да биде доделена на гала-церемонија во Цирих. Сепак, фудбалерот на Барселона како и досега, личните остварувања ги стави во втор план, а тимските успеси во преден, посочувајќи дека ниту еден рекорд и лична награда не значат многу без трофеите.

Меси во минатата година постигна рекордни 91 гол, стана „златна копачка“ со 50 голови, четврти пат во низа со рекордни 14 погодоци беше најдобар стрелец во ЛШ. Но, според многумина Андрес Иниеста, најдобриот од Евро 2012 и старо-новиот европски првак со Шпанија треба да се закити со „златната топка“. Последен кандидат е Кристијано Роналдо, кој пак во минатата година ја освои шампионската титула со Реал Мадрид.

„Убаво е да се уриваат рекорди, но победите се најважни. Моите голови служатБарселона на освојува титули, дали Ла Лига, Купот, Лигата на шампионите и тое  е многу поважно од моите лични достигнувања. Ако наградата му припадне на Иниеста, ќе биде сосема заслужено, поради начинот на кој игра и се што постигна. Што и да се случи, наградата ќе дојде во нашата соблекувална“, рече Меси.

Ако победи Меси во новиот избор ќе стане прв играч кој успеал четирипати да се закити со „златната топка“ и само ќе продолжи дебатата за тоа дали е најдобриот фудбалер на сите времиња.

Најстарата фудбалска награда ја доделуваше „Франс Фудбал“ од 1956 година, додека ФИФА воведе награда за најдобар играч од 1991 година. Во 2010 година, францускиот магазин и ФИФА решија да ги соединат наградите и „златната топка“ да ја доделуваат како единствена највредна награза за годишно остварување. Меси ги освои наградите во 2009, а потоа беше прогласен за најдобар и во 2010 и 2011 година.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе