Крем-чорба од компири со сланина и кашкавал

Приготвување:

Ставете ја сланината во тенџере на средна температура и пржете ја додека да стане крцкава. Извадете ја сланината од тенџерето и оставете ја настрана. Извадете и дел од стопената маст од сланината, но не целата.

Вратете го тенџерето на средно висока температура и во него ставете ги кромидот, морковите и целерот. Промешајте и гответе ги околу 2 минути, а потоа додајте ги и компирите. Гответе 5 минути, зачинувајќи со сол, црн и црвен пипер.

Во тенџерето додајте ја супата од коцка и оставете ја да проврие. Динстајте 10 минути, или додека компирот да почне да омекнува.

Во посебен сад убаво измешајте ги брашното и млекото, а потоа додајте ги во чорбата и оставете ја да се динста уште 5 минути.

Извадете половина до две третини од чорбата, пренесете ги во блендер и пасирајте додека смесата да стане изедначена. Вратете ја смесата назад во тенџерето со чорбата и промешајте. Оставете ја чорбата повторно да проврие, дозачинувајќи ја по вкус. Додајте го магдоносот, зачувувајќи малку за гарнирање.

Послужете ја чорбата во чинии, гарнирана со магдонос, рендан кашкавал и крцкави коцки сланина.

Состојки:

6 парчиња сланина, сечени на коцки од по 2-3 см

1 кромид, ситно сечкан

3 моркови, ситно сечкани

3 стебленца целер, ситно сечкани

6 компири, излупени и сечкани на мали коцки

2 л пилешка или зеленчукова супа од коцка

3 лажици брашно

250 мл млеко

130 мл неутрална хопла

1/2 лажичка сол, повеќе по вкус

црн пипер по вкус

1/2 лажичка црвен пипер

1 лажица свеж магдонос, ситно сечкан

100 г рендан кашкавал

 

Објавено

Петок, Јануари 4, 2013 - 01:52

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе