АБЦ радио: Македонија станува сè поинтересна туристичка дестинација

Република Македонија станува сè попривлечна туристичка дестинација за туристите во Австралија, јави австралиското државно радио АБЦ во новогодишната емисија посветена на новите туристички дестинации за 2013 година. Според радиото, една од предностите за австралиските туристи е и авионската линија до Дубаи преку која има евтин и директен лет до Македонија „која е една од најинтересните земји во Европа. Се надеваме дека годинава бројката на австралиски туристи кои ќе ја посетат Македонија ќе биде многу поголема од сегашните 12 илјади“.

Гостин на оваа специјална емисија на австралиското радио посветена на Македонија беше и Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Македонија во Австралија кој ги повика австралиските туристи сè помасовно да ја посетуваат Македонија.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе