„Л’Екип“: Кирил Лазаров е најдобар десен бек во Европа!

Кирил Лазаров, најдобриот македонски ракометар доби уште едно големо признание откако еден од најголемите спортски весници во Европа, францускиот „Л’Екип“ го вброи во идеалниот тим за 2012 година.

Лазаров е прогласен за најдобар десен бек во Европа, а преостанатите шестмина од идеалниот тим се голманот Тјери Омејер (Франција), левото крило Гудјор Сигурдсон (Исланд), левиот бек Даниел Нарсис (Франција), средниот бек Микел Хансен (Данска), десното крило Никлас Екберг (Шведска) и пивотменот Хулен Агинагалде (Шпанија).

За Лазаров 2012 година беше една од најдобрите во кариерата, врв беше петтото место на ЕП во Србија и квалификациите за ЛОИ во Лондон, а леворакиот бомбардер блескаше и во неговиот тим Ателтико Мадрид, каде што е најдобар стрелец. Во годината што изминува, Лазаров настапи на 74 натпрервари, што е апсолутен рекорд во неговата кариера.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе