Приготвување:Измешајте ги еспресото и румот. Кога смесата ќе се олади, натопувајте ги пишкотите по 1-2 секунди во неа и редете ги на дното на голема чинија за торта, во еден слој. Одвојте ги белките и жолчките. Изматете ги жолчките со шеќерот, 3 до 5 минути. Во меѓувреме мешајте го со лажица маскарпонето за да омекне. Додајте му ги жолчките и матете 2 до 3 минути. Убаво изматете ги белките во посебен сад додека да почнат да се формираат врвчиња, а потоа додајте ги во смесата со маскарпонето и измешајте со дрвена лажица. Пренесете половина од смесата со маскарпоне врз првиот слој пишкоти. Врз неа исто така во еден слој додајте ги останатите пишкоти натопени во кафе и рум. Врз нив намачкајте го другиот дел од смесата со маскарпоне. Одозгора украсете со ренданата чоколада (или со какао). Чувајте ја тортата во фрижидер неколку часа пред сервирањето. | Состојки:500 г маскарпоне 300 г пишкоти 300 мл силно кафе (еспресо, а може и нес) 2 лажици рум 4 јајца (посебно жолчките и белките) 100 г шеќер во прав 200 г ситно рендана чоколада за готвење какао |
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 55НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт