Брисел ќе потроши 20 милиони евра за рекламирање на влезот на Хрватска во ЕУ

Влегувањето на Хрватска во Европската Унија ќе го чини Брисел 20 милиони евра и веќе е избран конзорциумот од агенции за односи со јавноста пред кои стои задачата да го обезбедат приклучувањето на Хрватска, во време на економска криза и отпор на јавноста кон проширувањето, за да мине без проблеми.


Повикувајќи се на свои извори, загрепски Вечерњи лист пишува дека за односи со јавноста ќе биде задолжена лондонската компанија Грејлинг, која е дел од конзорциумот на бриселската агенција ЕНС.

Во самата компанија, во чие портфолио има клиенти како Кока кола, Бритиш ервејз и банкарската корпорација ЏП Морган Чејс, се воздржале од коментари по повод новиот ангажман.

Приоритет е, како што пишува Вечерњи лист, „да се разбијат митовите и предрасудите за проширувањето“, особено пред влегувањето на Хрватска во ЕУ, на 1 јули следната година.

Весникот тврди дека било забрането да се спомнува дека, по објавувањето на Извештајот за мониторингот, некои германски политичари ја довеле во прашање подготвеноста на Хрватска за приклучување.

Примерите на Бугарија и Романија, државите за кои се смета дека преку ред и недоволно подготвени влегле во ЕУ и со работна сила што трча да бара работа во старите членки, негативно влијаеле врз граѓаните и политичарите.

Според податоците на Евробарометарот, од најновото истражување на јавното мислење поддршката за проширувањето на ниво на Унијата паднала на само 38 отсто.

Најскептични се граѓаните на Германија, каде што само 21 отсто од анкетираните го поддржуваат ширењето, потоа граѓаните на Австрија (23 отсто) и Франција (27 отсто). Поголема Унија најмногу поддржуваат балтичките земји (околу 60 отсто), Бугарија и Романија (по 58 отсто).

ПР-агенциите ќе бидат задолжени за советување, ќе се занимаваат со медиумите и социјалните мрежи за проширувањето да не се доживее како загрозување, туку како „збогатување на Унијата“, пишува Вечерњи лист.

Инаку пристапниот договор за приклучување на Хрватска во ЕУ досега го ратификувале 20 од 27-те земји-членки на Унијата.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе