Уставниот суд ги скри податоците за лустрација пред Венециската комисија

Во барањето и материјалите испратени до Европската комисија за демократија на Советот на Европа, или Венециската комисија, Уставниот суд на Република Македонија, случајно или не, заборави да каже дека во државава службите за државна безбедност отвориле нови 4.000 досиеја и по донесувањето на Уставот од 1991 година.

Деновиве мислењето на Венециската комисија за македонскиот Закон за лустрација во дел од македонските медиуми беше протолкувано како негативно во однос на овие законски норми. Толкувањето е дека „Венецијанска комисија вели дека лустрацијата во Македонија по 1991 година од политички, идеолошки и партиски причини е неприфатлива и подразбира стигматизацијата и дискриминација на опонентите, како средство за политичка борба во држава во која владее правото.“

Барањето за мислење од Венециската комисија беше испратено од Уставниот суд на Република Македонија. Е ама во тоа барање некој заборавил да испрати и податоци за тоа што се случувало во Македонија и по 1991 година.

Комитетот за демократизација на Република Македонијаод САД и Канада побара појаснување на Мислењето на Венециската

Томас Маркерт

комисија од нејзиниот секретар Томас Маркерт. Тој појасни дека Мислењето на комисијата се дефинира врз основа на материјалите што ги испратил Уставниот суд на Република Македонија. На прашањето дали може да им се испратат дополнителни материјали, Маркерт одговорил дека „мислењето е затворено. Ова е покриено со кажаното во Параграф 26 и 27 за ‘посебни историски и политички услови’. Комисијата дава мислење, а не пресуда бидејќи не и се познати сите детали. Оттука следува дека Уставниот суд треба да го примени мислењето земајќи ги предвид сите податоци“.

Од ова произлегува дека за време на формирањето на мислењето на Венециската комисија не и било познато дека Службата за државна безбедност на Македонија обработувала лица, а притоа ова обработување го покривала со Правилник за работа, кој бил објавуван во Посебен службен весник на Република Македонија достапен само до државните органи (меѓу кои и до Уставен суд), но не и до граѓаните. А оваа обработка подразбирало прислушување и следење припадници лица со поинакви политички погледи од партијата на власт без судски налози. Значи се работело за класично кршење на основните човекови и уставни права, за што немало никакви реакции и од Јавното обвинителство.

Тука би морал да кажам дека доколку комисијата била запознаена со овие детали, тогаш Мислењето би гласело поинаку, бидејќи во тој случај има смисла за лустрација, и покрај тоа што станува збор за период петнаесетина години подоцна. Сепак, сакам да сме на јасно дека ние даваме општи мислења и се обидуваме да не носиме пресуди“, изјави Маркерт.

Ова значи дека Венециската комисија даде Мислење врз основа на она што и е приложено како материјал. А од тој дополнителен материјал секој и малку писмен правник лесно ќе заклучел дека и во веќе повеќепартиска и парламентарна демократија во Македонија старите комунистички структури вршеле тешки дела против човековите права. А во случаите кога тоа се правело и по 1991 година, ваквите прекршувања се подложни и на затворски казни.

Останува отворено прашањето зошто Уставниот суд на Македонија до Венециската комисија не ги испратило и материјалите, за нив познати, за досиејата водени и по 1991 година.

Комитетот за демократизација на Република Македонија ќе се обиде да добие одговор на ова прашање преку кривична пријава до Уставниот суд.

А.Д.

 

Параграф 27

На Венециската комисија не ѝ е познато дека постоеле посебни историско-политички услови (т.е. движења или активности вперени кон нарушување на демократскиот поредок или кон загрозување на заштитата на човековите права) во „поранешната Југословенска Република Македонија“ по прифаќањето на Уставот. Треба да биде забележано дека „поранешната Југословенска Република Македонија“ била држава-членка на Советот на Европа од 1995 година, и како таква, била под надзор за својата демократска ефикасност и усогласеност со европските стандарди.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе