Супа од грашок и босилек

Приготвување:

Во големо тенџере на средна температура ставете маслиново масло, кромидот, солта и црниот пипер и динстајте околу 5 минути.

Потоа додајте го лукот и динстајте уште 5 минути. Додајте ги грашокот и сечканиот босилек и динстајте уште 2 минути, па додајте ја супата од коцка и оставете да почне да крчка.

Тргнете ја супата од рингла, претурете ја во блендер и убаво измешајте ја во него.

Вратете ја супата во тенџерето на рингла и намалете ја температурата. Додајте го млекото и загрејте ја, но не оставајте да зоврие.

Послужете.

Состојки:

2 лажици маслиново масло

1 среден кромид, ситно сечкан

1 чешне лук, здробено

500 г замрзнат грашок

5-6 листа свеж босилек, сечкан

500 мл зеленчукова супа од коцка

500 мл млеко

1 лажичка сол

1/2 лажичка црн пипер

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе