ПЕРВЕРЗНО: Првата „љубов“ трае вечно

Во не толку далечните 1991 и 1992 година, сегашниот премиер на Грција правеше планови, тогаш како министер за надворешни работи, со националистички криминалци (Милошевиќ) за поделба на новата независна Република Македонија помеѓу Грција и Србија.

Јоргос Пападакис Неколку месеци подоцна тој беше протеран од Владата на Мицотакис токму поради овие ставови. Требаше да поминат 16 години за Андонис Самарас да се врати на министерската позиција со истата партија, а друг премиер. Во текот на овој втор мандат како министер (овојпат за култура), тој отворено и бесрамно го изразуваше своето уверување дека Грција не треба да брза да најде решение за проблемот со името, зашто „Скопје“ порано или подоцна ќе се распадне однатре.

Минатото лето овој човек конечно стана премиер на својата економски и социјално банкротирана држава. Некој би очекувал дека неговата примарна грижа ќе биде да го спаси она што сè уште може да се спаси. Но не.

Во неговиот нарушен ум (истиот оној што произведува изјави од типот „во рок од 18 месеци ќе го претворам грчкиот државен дефицит во суфицит“), Македонија сè уште има клучна улога. Тој всушност никогаш не се откажа од идејата за уништување на земјата или „помагање“ во нејзиното распаѓање. Милошевиќ беше заменет со еден друг „голем пријател“ на Македонија, Бугарите, и директниот план за поделба отвори пат за една „пософистицирана“ стратегија на бавно исцрпување.

Но своите ремек-дела тој ги создаде внатре во самата Грција. Седнат во својата канцеларија во седиштето на Неа димократиа на авенијата Сингру во Атина, Андонис продолжува да произведува „нонпејпери“. Тие беа обичај во почетокот на деведесеттите години, кога тој со истиот метод се обидуваше да ја поткопа владата на Мицотакис. Тоа му успеа кон крајот на 1993 година.

Значи, ако тогаш падна моќниот Мицотакис, сега премиерот лесно ќе го постигне истото со Ципрас, лидерот на левичарската СИРИЗА. Така тој пак се фрли на работа.

Шансата ја доби минатиот месец, кога една пратеничка на СИРИЗА даде интервју за Нова Македонија, во кое ја нарекува Македонија со нејзиното уставно име и тврди дека единствено Грција е виновна за целиот хаос со името, зашто сака финансиски да ги владее и Македонија и целиот регион... Глупости, се разбира.

Нормално дека само Грција е виновна за моменталната ситуација, но тоа не се должи на нејзиниот финансиски, туку на нејзиниот националистички иредентизам. Во таквиот план нема место за Македонија или за Македонците.

Како и да е, ова е златна шанса за Самарас. Вчера тој дистрибуираше уште еден „нонпејпер“ обвинувајќи ја СИРИЗА дека е непатриот и дека нема јасен став за прашањето за името.

Тајмингот воопшто не е случаен. Ципрас е на пат во Бразил и Аргентина, така што не може брзо да реагира. Медиумските „папагали“ на Самарас почнаа насекаде да го дистрибуираат „нонпејперот“, вознемирено прашувајќи: „Дали СИРИЗА ја усвојува тезата на својата пратеничка? Ако не, зошто уште не одговара? Ако да, треба тоа да ни го каже јасно и гласно, бидејќи националните прашања се премногу сериозни за да си играме со нив...“

Старомодната стратегија на Андонис успеа. СИРИЗА под притисок беше принудена да повтори дека се залага за решение со сложено име, се разбира „ерга омнес“. На авенијата Сингру насекаде среќни лица. Овој најнов брилијантен потег на „шефот“ им го разубаве Божиќ и нему и на Неа димократиа.

Сепак, грчкиот народ веројатно никогаш нема да знае дека нивниот лидер, наместо да се обидува да ги спаси нив, повторно го поминува своето време во правење заговори против Македонија. Опсесија? Можеби.

Она што е сигурно е дека неговото однесување потсетува на „љубовник“ што го откачила неговата прва и неостварена „љубов“. Тоа е она што го прогонува премиерот дење и ноќе. Тоа е едно од нештата што ја донесоа неговата земја толку блиску до катастрофа.

Јоргос Пападакис

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе