Што прави Бугарин во македонски музеј? Краде историја!

Секогаш е убаво раѓањето нови пријателства. Особено е убаво кога лично сте помогнале во таквото раѓање. Ние, Македонците, неодамна ја имавме таа чест: помогнавме во спријателувањето на Бугарија и Грција.

Новородената грчко-бугарска алијанса е склопена на само една допирна точка, неа ја држи само едно мало шрафче, но очигледно доволно силно за да создаде една таква цврста коалиција: тоа шрафче се Македонија, Македонците, македонскиот јазик, македонското национално малцинство. Како во 1913 година, кога под закрила на големите сили си зедоа по едно парче од колачот. Кој поголемо, кој помало.

Безмалку 100 години потоа ја следиме истата приказна. И пак под закрила на Европа, на нивните империјалистички, а не европски и демократски принципи. Овојпат тоа се вика добрососедство.

Премиерите на Грција и на Бугарија, Андонис Самарас и Бојко Борисов, заедно со своите министри, седнаа во Атина и без ич размислување се согласија дека Македонија е лош сосед, непослушно дете што треба да го караат. И тоа го прават. Со сесрдна помош на примената на високоцивилизациските успеси на Европа и доследното непочитување на копенахашките принципи. Не признаваат национални малцинства на својата територија, не го признаваат македонскиот јазик, Македонците во нивните држави немаат ама баш никакви права освен да се бунат и да протестираат по европските судови, ја блокираат европската интеграција на Македонија...

И откако сето тоа им помина во Брисел, се собраа вчера и завчера и заедно, онака сериозни и важни, како да направиле нешто клучно за цивилизацискиот напредок, како да откриле некоја нова планета или да измислиле некој најевтин и најеколошки погон, со чаша шампањско, ликуваат и длабоко во себе си размислуваат уште кој колкав дел да земе од Македонија.

Па велат, Македонија е лошо дете, лош сосед, не слуша ништо, само се буни, сè нешто ѝ пречи, нè тужи по судови, не дава да ѝ го смениме името, Македонците не сакаат да признаат дека се Бугари, нè мразат, сакаат да ни го земат Александар, и Гоце, и Даме, и Јане, снимаат филмови, замислете, снимаат филмови! Страшно!

А нивните телевизии, на кои без никаков проблем даваат сериозни дебатни емисии во кои нивните политичари отворено викаат дека Македонците се Бугари, па кажуваат и шеги на таа тема (Што станува кога Македонец ќе се избања? Чист Бугарин!)?

А тоа што на Македонците им го забрануваат идентитетот, културата, јазикот?

А тоа што во грчкиот парламент слободно се употребува именката „циганоскопјани“?

Е тоа е добрососедство. И за Брисел и за Софија и за Атина.

Само замислете ја обратната ситуација. Во македонскиот парламент и во дебатните емисии да ја воведеме уличната терминологија, па да почнеме северна Грција да ја именуваме како Беломорска Македонија, Грците да ги нарекуваме Цигани и Арапи, Бугарите - Татари, за наслови на сериозни колумни да ставаме вицови (Што прави Бугарин во македонски музеј? Краде историја!) или во Уставот да напишеме дека сите во Македонија се Македонци по род и точка. Или пак да побараме во уставите на Грција и на Бугарија да влезат Македонците како конститутивен народ. Знаете што ќе се случи тогаш во нивните престолнини - револуција!

Секогаш кога размислувам на оваа тема, во главата ми се појавува истото прашање: како бе вака се свртеа работите? Во која историска точка нормалното стана ненормално, а ненормалното – нормално? Кога манипулирањето стана вредност, а санстефанските соништа – правда? Како омразата и навредите се вклопуваат во препораките на ОН и на Советот на Европа? И како одат рака под рака со пресудите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг?

Ова што го прави тројната оска Брисел-Софија-Атина значи само буричкање во буништето на Балканските војни, а тоа нема ама баш никаква врска со модерниот европски дух. Напротив, сите нè враќа во 19 век.

Александар Дамовски

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе