Лазовски повеќе не е тренер на Работнички, почнуваат дворските игри за местото во „Градски парк“

Марјан Лазовски повеќе не е тренер на екипата на Работнички, објавија челниците на14-кратниот шампион. Поранешниот селектор го плати цехот за релативно лошите резултати на тимот од „Градски парк“ сезонава, а кулминација на незадоволството од работата на Лазовски се случи по саботниот пораз од Кожув на домашен терен.

„Можам да потврдам дека Марјан Лазовски веќе не е тренер на Работнички. Оваа одлука е донесена по поразот од Кожув, со кој што се искомпликува битката за едно од првите пет места на табелата. Можеби на моменти немавме среќа, на неколку средби загубивме малерозно во последната минута, но за жал ситуацијата е таква каква што е и едноставно моравме да реагираме“, изјави за спортскиот портал „екипа“ спортскиот директор на Работнички, Дејан Јовановски.

Најтрофејниот кошаркарски колектив кај нас во моментов е на шестата позиција на табелата со половичен успех на досегашните натпревари (4-4) и со една односно две победи помалку во однос на директните конкуренти за пласман во Суперлигата во која ќе се најдат петте најдобри екипи по одигрувањето на 14-те прволигашки кола. Пред Работнички следниот викенд е уште еден тежок натпревар, гостувањето против Лирија.

„На следниот меч против Лирија тимот ќе го води Влатко Владичевски, а потоа ќе ја искористиме паузата во шампионатот за да ангажираме нов стручњак како долгорочно решение“, дополнува Јовановски.

Без разлика на зборовите на Јовановски, судбината на Лазовски е решена многу порано пред поразот од Кожув односно раководството на Работнички само чекаше шанса за да стави крај на соработката со поранешниот селектор, кој имаше голем пех во пресрет на шампионатот откако пропушти поголем дел од подготовките поради здравствени проблеми. Уште пред официјалното раскинување на договорот со досегашниот тренер почнаа дворските игри околу неговиот наследник.

Во моментов има неколку сериозни кандидати за преземање на тренерската фотелја во тимот од „Градски парк“. МКД.МК неофицијално дознава дека директорот Јовановски веќе имал неколку состаноци на оваа тема со Саша Димитријевиќ, поранешниот тренер на Балкан стил и Работнички и сопственик на кошаркарската школа „Јуниор“, а во игра за место на клупата се уште и Борис Нешовиќ и Слободан Петровски.

Но, главна причина што управата на Работнички нема да брза со именувањето на наследник на Лазовски е една од тренерските легенди на овој клуб – Марин Докузовски. Тренерот што ја одведе Македонија до четвртото место во Европа во моментов работи во бугарски Лукоил од каде што наскоро би можел да си замине откако тимот не успеа да се пласира во втората фаза од Еврокупот. Докузовски во следниот период ќе има состаноци со управата на „студентите“ од Софија по што ќе се знае дали ќе остане во таборот на бугарскиот шампион.

Ако тоа не се случи тогаш се огромни шансите тој да се врати во својот „Градски парк“ и да го предводи Работнички на патот кон старата слава. Докузовски уште од почетокот е желба на новото раководство на 14-кратниот шампион, но неговото евентуално враќање на местото на најголемите услови зависи само од скорашните преговори со челниците на Лукоил А.

 И.К.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе