Истражување во „лига петка“: Беласица е најдобрата македонска фудбалска школа

Струмичка Беласица ја има најдобрата фудбалска школа во Македонија и таа заедно со тетовска Шкендија се единствените два клуба од земјава кои имаат играчи во тимовите во популарната „лига петка“, најсилните пет национални првенства на Стариот континент.

Истражувањето на агенцијата „Спортинг интелиџент“ беше спроведено во петте најсилни лиги во 98 клубови и беа опфатени 2.286 играчи, од кои 2.170 фудбалери се производ на еден клуб, а останатите 116 фудбалери се производ на два клуба во период од три години кои придонеле во развојот на фудбалерот. Беласица има два играчи од својата школа кои се дел во овие најсилни лиги и тоа Горан Пандев, актуелниот член на Наполи, кој е дете на струмичката школа од каде замина во младинскиот тим на Интер, а потоа стана професионалец играјќи за Лацио, Интер и сега Наполи. Пандев стана прв Македонец со „скудето“ во Италија, стана трет Македонец европски и светски клупски првак по Дарко Панчев и Илија Најдоски, а влезе во историјата како прв играч кој успеал да освои четири куп-титули со три различни тимови по ред.

Вториот струмичанец е Горан Попов, кој од летово е дел од Премиерлигата како член на Вест Бромвич Албион, каде игра на заем од Динамо Киев. Попов е поранешен фудбалер на АЕК Атина, Црвена Звезда, Херенвен... Поради двајцата македонски репрезентативци, Беласица со два играчи на ова истражување е рангирана помеѓу 219 и 334 место на листата.

Беласица одамна е позната како фудбалски расадник на таленти, а потврда за тоа дојде годинава со трансферот на младиот голман Дејан Илиев во младинскиот погон на Арсенал. Илиев е репрезентативец во селекциите до 19 и 17 години, а неговиот трансфер е еден од трите најголеми во Македонија, дирекно од макеоднски клуб во европски фудбалски гигант.

Покрај Беласица, Шкендија има еден фудбалер во лига и тоа репрезентативецот Ферхан Хасани, кој е дел од бундеслигашот Волфсбург, каде замина минатата зима. Ниту еден друг македонски клуб нема свој фудбалер, кој бил израснат во школата и завршил во еден од клубовите во најсилните првенства во Европа.

Очекувано најголема „фабрика за фудбалери“ е Барселона со својата славна „Ла Масија“, школата која во моментов е непресушен извор на клубот, кој неодамна успеа да одигра еден меч со 11 свои играчи израснати во сопствената школа. Дел од „Ла Масија“ е и младинскиот репрезентативец Давид Бабунски. Барселона има 38 фудбалери, кои израснале во школата и сега играат во клубовите во најсилните првенства. Од нив, 14 се дел од клубот, а 24 играат во други клубови. Зад Барса е Лион со 31 играч, следат Реал Мадрид со 29, Рен и Манчестер јунајтед со по 24, Баерн Минхен со 23, Сошо со 22, Реал Сосиедад, Аталанта и Атлетико Мадрид со 21 итн.

Најдобри „производители“ од поранешните југословенски простори се двата белградските клуба Црвена звезда и Партизан со по шест играчи, следи Динамо Загреб со пет...

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе