Лустраторите ги отвораат досиејата и на наредбодавачите, Трајан Петровски и Иван Бабановски на листата на кодоши

Поранешниот началник на СДБ Трајан Петровски, подоцна и амбасадор, и поранешниот началник на третиот Сектор во СДБ Иван Бабановски, подоцна универзитетски професор, се најновите имиња од регистарот на Комисијата за верификација на фактите.

Обајцата во функција на службени лица давале наредби и одобрувале следења, прислушкувања, проверка на преписки, на поштенски пратки... на голем број лица со што ги кршеле основните човекови права.

Од објавените архивски документи се гледа дека во периодот на шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, обајцата и следеле и наредувале да се следат главно писатели, уметници, режисери, поети, новинари...  Обајцата во различни периоди биле задолжени да се движат по разни редакции, а во тоа време најинтересни за нив биле редакциите на Студенстки збор, Разгледи, Современост, Млад борец... Во белешките можат да се препознаат имиња на македонски врвни поети, писатели, режисери, актери... за тоа како овие оперативни работници инспектори, па началници (а подоцна и угледен професор и амбасадор) будно ги следеле по редакции, по кафеани, по дома, како детално известувале за нивниот приватен живот, за нивниот голем интерес за жени, за алкохол... Линиите на следење биле разни - анархолиберализам, антисамоуправно делување, македонски национализам, Егејска Македонија, Пиринска Македонија...

Иван Бабановски, како поранешен оперативен работник во Управата за државна безбедност, кога се отвори досието на претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски (првиот случај на лустрација) тврдеше дека за него не постои досие за соработка со тајните служби.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе