Супа од тиква

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 150 степени.

Печете ги тиквите додека малку да се збрчкаат и да омекнат. Оставете ги малку да се оладат, а потоа извадете го семето. Со лажица извадете ја содржината на тиквата и испасирајте ја рачно или во блендер.

Во тенџере, загрејте ја супата од коцка додека да почне да крчка, па додајте ги испасираната содржина од тиквата, кафеавиот шеќер и ѓумбирот. Оставете малку да се издинста, па додајте ги хоплата и морското оревче и динстајте уште десетина минути.

Пренесете ја супата во сад за послужување и одозгора украсете ја со хопла и со печени семки од тиква.

Состојки:

2 цели тикви

1 л зеленчукова или пилешка супа од коцка

120 г неутрална хопла

3 лажици кафеав шеќер

прстофат морско оревче

малку ѓумбир, по желба

сол по вкус

уште хопла, за украсување

 

Објавено

Недела, Декември 9, 2012 - 12:07

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе