Македонските и српските односи со Русија го кочат проширувањето на ЕУ

По приклучувањето на Хрватска кон Европската Унија во 2013 година вратите на ЕУ ќе бидат затворени за новите членки, и тоа за подолго време.

Ова на конференцијата „Регионален развој и фондовите на ЕУ – полски искуства“ одржана во хрватски Сплит уште во мај годинавa го изјавил маршалот (претседателот) на Сенатот на Полска Богдан Брусевич. Според него, „Хрватска се приклучува на ЕУ во последен момент“, по што ќе следува пауза, која се должи на непогодната економска конјунктура“. Притоа, земјата веќе во втората половина од 2013 година очекува да добие за развој 450 милиони евра од фондовите на ЕУ, а во 2014 – 1,08 милијарди евра. Меѓутоа, сето тоа некако слабо кореспондира со „непогодната економска конјунктура“: станува збор за огромни суми што ќе ѝ бидат доделени на Хрватска за нејзиното чекорење по „европскиот пат“.

И покрај тоа што економијата на Европа навистина е во незавидна ситуација, сепак, се чини дека вистинските причини на олку пролонгираната „европауза“ не се само во тоа.

За почеток да забележиме дека како најсериозни кандидати за приклучувањето кон ЕУ по 2013 година пред сè биле посочувани земјите на поранешната Југославија: Србија, Македонија и Црна Гора. Постојат индиции што укажуваат дека споменатата одлука на ЕУ се должи на стравувања во врска со „поткопувачката улога“ на растечката српско-македонска соработка во транснационалната структура и политиката на ЕУ. Бездруго, евроунијата е свесна и за тоа што Србија и Црна Гора имаат зона за слободна трговија со Русија и царинската унија во којашто членуваат Русија, Белорусија и Казахстан, како и тоа што според динамиката на развојот на руско-македонските односи во 2011-2012 година, за слична таква зона покажала интерес и Македонија. Истовремено, се шири кампања (на пример, во Украина) за формирање на економски, па дури и економско-политички блок од сите споменати земји, вклучувајќи ја и Грција и Република Кипар. Со тоа, „вакуумот“ што се појавил поради најавената „пауза“ во проширувањето на ЕУ би можел да биде пополнет со еден ваков блок што би претставувал антипод на ЕУ и НАТО. Во секој случај, се чини дека политичко-идеолошката и економската платформа за ваков блок е во фаза на формирање.

Така, за време на посетата на владината делегација на Македонија, предводена од вице-премиерот, министер за финансии Зоран Ставревски, на Русија во април 2012 година, двете страни се договориле за развивање на меѓурегионалните и стопанските врски преку изградба на руско-балканските транспортни коридори. Директорот на Стопанската комора на Краснодарскиот крај Јури Ткаченко тврди дека „односите меѓу Краснодарскиот крај и Република Македонија набргу ќе се искачат на едно ново ниво кое ќе претставува повисоко скалило во кооперацијата и вистинско партнерство во економската сфера“. Истакната е исто така и важната транзитна улога на Македонија во реализацијата на руските економски проекти на Балканот.

Бранислав Николовски Бане

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе