Првиот ден, Душко Радовиќ

Денес е прв ден, почеток.

Ви посакувам да не ве боли тоа што ве болеше

а да ве сака тоа што не ве сакаше.

Ви посакувам вашите деца да бидат подобри од вас,

повеќе да се фалите вие со нив отколку тие со вас.

Ви посакувам добро да ве служат нозете,

на нив да поминете поголем дел од новата година

и да имате повеќе работа отколку време.

Ви посакувам да им бидете потребни на другите

повеќе отколку тие вам,

да посакувате и да можете повеќе отколку што ви треба

а се што ќе ви претекне да го споделите со оние кои не можат како вас.

Немојте да земате многу повеќе отколку што давате

мислите малку и на оние кои ќе мораат да го земат

тоа што вам ви е дадено.

Ви посакувам да добиете стан ако го немате или

да знаете да се радувате ако веќе го имате.

И она што го имате да не ви биде  помалку

од она што го немате.

На крај ви посакувам оваа година да има

повеќе среќа со вас од претходната!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Душко Радовиќ е роден на денешен ден, 29 ноември, пред точно 90 години. Без разлика дали зборуваше за мажите и жените или им се обраќаше на децата, неговите зборови секогаш беа наједноставни, а кажуваа се.)

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе