Во „Заседа“ на Ќафасан запленет половина тон од марихуаната „сканк“ (ВИДЕО)

Македонската полиција вчера заедно со цариниците на преминот Ќафасан заплени 513 килограми висококвалитетна марихуана позната како „сканк“.

Станува збор за најголемо количество марихуана досега запленето во Македонија. Во акцијата наречена „Заседа“ бил пресечен меѓународен канал за шверц на дрога на релацијата Албанија – Македонија, а запленетиот „сканк“ требало да заврши во земјите на Западна Европа.

Според полицијата, акцијата „Заседа“ е спроведена по претходни оперативни сознанија за можен транспорт на марихуана преку Македонија. Дрогата била запленета околу 12 часот, кога била направена контрола на камион и негово придружно патничко возило, и двете со скопски регистарски таблички. Камионот бил натоварен со цемент, но при детален преглед и кај камионот и кај возилото што го придружувало биле откриени специјално изработени бункери во кои биле сместени 511 пакувања дрога.

Се претпоставува дека дрога била набавена во Албанија и преку Македонија требало да се транспортира во Западна Европа.

Полицијата ги уапсила возачите, кои при распитот одбиле да кажат од каде и од кого ја набавиле дрогата. Возачот на камионот само кажал дека товарното возило им го оставил на лица што не ги познавал, а по завршување на товарењето тој само го презел камионот.

Според првичните процени, вредноста на марихуана на западноевропските наркопазари изнесува околу 3 милиони евра.

Возачот на камионот со иницијали Д.С. од порано ѝ бил познат на полицијата како сторител на имотни деликти, но првпат е фатен во недозволена трговија на дрога.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе