„Кенеди“ оди на топење: Железница продава локомотиви и возови по цена од 15 денари за килограм!

„Македонски железници Транспорт“ дава 11 „кенедиевци“ и возови за најмалку 53.700 евра.

„Македонски железници Транспорт“ продава 7 дизел-локомотиви и 4 моторни дизел-возови на јавно надавање, кое е закажано за идниот петок, официјално потврди државната компанија за железнички транспорт. Почетната цена на аукцијата што ќе се одржи на 7 декември за секоја од локомотивите е 250 евра за тон, односно 15 денари за килограм. Вкупно од сите возови и локомотиви компанијата очекува прилив од 53.700 евра.

На понуда се 7 локомотиви од кои најстарата е 54 години (произведена е 1959 година), а воедно таа е и со највисока почетна цена заради тоа што е најтешка и тежи 30 тони. Уште 3 локомотиви се од 1964 година и нивните почетни цени се: 4.500, 4.600 и 5.500 евра. Во понудата се уште три локомотиви, од кои едната произведена 1967 година е 27 тони и се нуди по стартна цена од 6.800 евра, а другите две од 1971 и 1972 година се со почетна цена од 6.400 и 6.300 евра.

Наспроти локомотивите вредноста на моторните дизел-возови е проценета на 12.100 евра за 4 возови од кои два се стари по 37 години со почетна цена од по 2.800 евра, еден е 1977 година со почетна цена од 2.800 евра и најмладиот од 1979 година поради тоа што е најтежок е со почетна цена од 3.700 евра.

Според достапни, но неофицијални податоци возниот парк на „Македонски железници Транспорт“ е со просечна старост од 30 години. Поради тоа што со години железничкиот транспорт не бил приоритет немало значајни инвестициски вложувања во превозни средства ниту пак во железничката инфраструктура. За да се ублажи тековната состојба Владата предложи, а Собранието усвои Закон за државна гаранција за кредит од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за модернизација на возниот парк на железничарската компанија. Владата најави дека најмногу за две години ќе пристигнат нови 6 патнички гарнитури и 150 товарни вагони, а ќе се ремонтираат и 5 до 6 локомотиви. Државата го гарантира кредитот од 50 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Парите ќе се враќаат 15 години со 3,5 години грејс период и каматна стапка од шестмесечен еулибор кој во моментов изнесува 1,44%. Просечната старост на возовите сега е 30 до 40 години. Голем дел од нив не се во возна состојба, во депото на железница има вагони дури од 1908-та.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе