Роден на денешен ден, Андре Жид

Иако се смета за писател што го означува пресвртот во историјата на литературата, овој француски писател со своето дело оствари исклучително влијание на другите автори. Нобелова награда за литература доби во 1947 година.

 

Андре Пол Гијом Жид, е роден на 22 ноември 1869 година во Париз, како единец, израснал во богато семејство. Татко му го загубил на 10 години, а семејството се сели во Нормандија. Поради психичките кризи, Жид се школувал дома, па така изолиран почнува да го открива новиот свет – литературата и пишувањето. Заминува во Париз каде ги посетува салоните и литературните кружоци, а во 1893 одлучува да отпатува во Северна Америка која ја доживува како „Илјада и една ноќ“. Тука ја спознава својата хомосексуална природа. По враќањето во Париз, егзалтацијата го напушта – исти кафеани, исти кружоци, исти расправи, па разочаран се повлекува и осамен го пишува краткото дело „Мочуришта“, еден од првите француски „антиромани“. Истата 1895 умира мајка му и тој набргу се жени со љубовта од детството, роднината

Мадлен Рондо. Сепак оваа врска е осудена на пропаст, а сите жени понатаму во неговите дела ќе го носат коренот на неговата сопруга. Од „Иморалисте“ (1902) до следното дело „Тесна врата“ (1909), лошо дочекани во јавноста, Жид не објавува ништо. Запаѓа во тешка морална криза, се разделува од пријателите, прогонет од своите очекувања и прекинот на бракот, од патењето кое го нанел на жената која ја сака, се соочува со криза на идентитетот. Дури во 1914, излегува неговиот роман „Подрумите на Ватикан“.

Во 20-тите години Жид станува инспирација за писателите како Ками и Сартр, но делата во кои ја рани хомосексуалната природа наидуваат на остри критики. Од вонбрачна врска ја добива ќерката Катарина во 1923. Во текот на 30-тите кратко се посветува на комунизмот во кој се разочарува по посетата на Советскиот сојуз. Продолжува со патувањата, овој пат низ Африка, каде што го минува и времето на Втората светска војна. По војната објавува студија за Валери, го преведува Шекспир, многу пишува. Нобеловата награда за литература ја добива во 1947.

Андре Жид умира на 19 февруари 1951, погребен е на селските гробишта покрај својата сопруга Мадлен. Следната година католичката црква неговите дела ги става на листата на забранети книги.

С. Спасиќ

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе