Бугарија – грчки лобист во ЕУ против Македонија

Емилија Гелева

Добивањето датум за преговори со ЕУ за Република Македонија како никогаш досега добива драматичност, токму поради очигледноста дека расположението на Брисел е во прилог на конечно целосно отворање на процесот на пристап во ЕУ за Република Македонија на претстојниот декемвриски самит. Ваквата европска позиција за Атина беше јасна уште од пред неколку месеци и токму заради тоа, како и обично практикувајќи го духовниот матрикс на нивните предци – Данајци, Грците повторно ни подготвија подарок спакуван во обланда на „меморандум за соработка“ вешто оставајќи впечаток на кооперативност пред европската јавност во однос на Македонија.

Грчкиот молк во врска со добивањето датум за преговори за Македонија од ЕУ е речиси целосен, но за нивна сметка секојдневно заканувачки и иритирачки изјави дека ќе го спречат тоа ни пристигнуваат од Софија. Официјална Софија и во минатото напати знаела да испрати чудни пораки во однос на Македонија, но ваква зачестеност и жестока антимакедонска реторика од највисоките политички лидери не се памети изминатите години. Дури и еврокомесарот Филе мораше да оди во Софија за да си разјасни на што се должи ваквиот негативен бугарски став во однос на процесот на зачленување на Македонија во ЕУ. И покрај неговите обиди Софија да се однесува европски во однос на својот сосед Македонија, бугарскиот министер Николај Младенов продолжи со секојдневните антимакедонски изјави, поточно со ставот дека Македонија се уште не била подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ.

Оттука, за изненадените бриселски високи претставници, минатонеделните закани за вето на Македонија од Бугарија, кои ги упатиjа бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов се потврда на шпекулациите дека е можна блокада за добивање датум за преговори на декемврискиот самит на Европската Унија, овојпат од нашиот источен сосед. Европјаните се обидуваат да дадат објаснување дека тоа се должи на проблемите што Бугарија ги има со ЕУ околу злоупотреба на европските фондови, непочитување на законите итн. и дека во таа смисла е можно комисијата да излезе со вонреден извештај за негативностите во бугарското општество.

Сепак, тоа не се единствените причини за ваквото бугарско однесување. Не треба да се заборави дека на почетокот на јули бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов имаа официјална посета на Атина кога, по се изгледа, е отворена нова „данајска“ страница во грчко-бугарското пријателство. Имено, токму по јулскиот грчко-бугарски самит започна и изненадувачката канонада против Македонија од страна на Бугарија. Во политиката случајности нема, а ова „совпаѓање“ е преголем показател дека Софија си облекла грчки „дрехи“ во кои што баш и не изгледа многу лична.

Решителноста на Брисел да го искачи повисоко пристапниот процес за Македонија е очигледно цврста,  и најавата за евентуално објавување вонреден негативен извештај за Бугарија од страна на Европската комисија треба да е сосема јасен сигнал за Софија во врска со тоа. Оттука, во име на добрососедските односи со Република Македонија како и во име на нивниот позитивен иден развој, за Софија ќе биде покорисно навреме да си ја симне грчката маска.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе