Европски дипломати: Бугарија преку Македонија ги крие сопствените проблеми

Што спрема за декемврискиот самит на ЕУ бугарската влада?

Според високи преставници на Европската Унија кои инсистираат на анонимност, минатонеделните закани за вето на Македонија од Бугарија, кои ги упатиjа бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и министерот за надворешни работи Николај Младенов се потврда на шпекулациите дека е можна блокада за добивање датум за преговори на декемврискиот Самит на ЕУ, овојпат од нашиот источен сосед.

Во разговор со дописникот на МИА од Брисел, високите преставници на Унијата потврдуваат дека самиот комесар за проширување Штефан Филе бил изненаден од она што го слушнал од бугарските власти и најавата за вето.

Сите сме изненадени од тоа што највисоките преставници на бугарската власт официјално излегоа со ставот дека Македонија се уште не е подготвена за почеток на преговорите за влез во ЕУ. Тоа недвосмислено значи дека Бугарија става вето на пристапните преговори на својот сосед“, коментираат високите преставници на ЕУ за МИА.

Според нив, барањето за заедничко славење на некои историски датуми и личности не е вистинската причина за најавата за бугарска блокада.

Челниците на ЕК велат дека има две причини зошто сега Бугарија е погласна од Грција во ветото на Република Македонија. Првата е да се дефокусира вниманието на останатите земји-членки на Унијата од Бугарија и проблемите во оваа земја, а во врска со непочитувањето на законите, заради што земјата е се уште под мониторинг на комисијата и трпи огромни критики. Во таа насока е и држењето под мраз на повеќемилионски фондови од ЕУ наменети за Бугарија, поради злоупотербата на истите. Токму денеска, портпаролакта на ЕК, Пиа Аренкилде-Хансен, потврди дека е можно Комисијата да излезе со вонреден извештај за негативностите во бугарското општество.Исто така, поради проблемите со владеењето на правото и почитувањето на законите во земјата, Бугарија, заедно со Романија, веќе не се ни дискутира на европските совети за внатрешни работи да бидат примени во шенген-зоната, ниту пак на овие земји да им биде дозволено да ја воведат употребата на еврото како парична единица.

Втората причина поради која Бугарите се закануваат со блокада, според нашите соговорници, се изборите во оваа земја што треба да се одржат идната година. Актуелната власт предводена од премиерот Бојко Борисов, според нив, има пад на популарноста и играњето на патриотската карта е единствена можност за враќање „во живот”.

Од таа причина се смета дека и контроверзниот Божидар Димитров е оставен на позицијата директор на Институтот за национална историја на Бугарија. Иако беше утврдено дека бил соработник на тајната комунистичка служба, тој беше оставен на оваа висока државна функција и се користи да се напаѓа Македонија по историските прашања, иако самиот премиер Борисов пред неколку години најави дека сите што лустрацијата ќе докаже дека биле кодоши ќе бидат отстранети од државните функции.

Во соопштение на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, испратено по минатонеделната негова посета на Софија, а кое го лиферуваше Комисијата, се посочува дека: „Бугарија, како земја-членка на Унијата е важен пример за останатите земји во регионот кои сакаат да бидат дел од евро-атлантските структури”.

Јас дојдов во Софија со цел да ја разберам сегашната политика на Бугарија кон поранешната југословенска Република Македонија. Ние во ЕК знаеме дека Бугарија е загрижена во оваа насока, но оваа земја и ПЈРМ имаат силни и длабоки врски и ние сме убедени дека две страни може да им се посветат и да ги решат сите отворени прашања во духот на добрососедството, базирано на вредностите на ЕУ. Оваа поента ја кажуваме и во контактите со македонските власти“, истакна Филе, кој притоа го поздрави фактот дека претседателите Плевнелиев и Иванов разменуваат писма, како и тоа дека министрите за надворешни работи Николај Младенов и Никола Попоски придонесуваат во подобрувањето на односите на двете држави, јави МИА.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе