Доналд Трамп тврди дека има доказ дека Барак и Мишел Обама се разведуваат (ВИДЕО)


Американскиот бизнисмен Доналд Трамп, кој инаку го поддржува републиканскиот кандидат за претседател на САД Мит Ромни, тврди дека има несоборливи докази дека Барак и Мишел Обама се разведуваат. Споменатите документи Трамп наводно ќе ги објави денес, но неговата портпаролка тврди дека не знае точно за какви документи станува збор, пренесува Дејли мејл.

„Знам само дека ќе ги објави на Фејсбук и Твитер, но не знам во кое време“, истакнала Холи Лоренцо.

Доналд Трамп ги полнеше таблоидите во текот на разводот со убавицата Ивана Трамп, беше ѕвезда на риалити-шоу, а во 2006 се ожени со 26 години помладата Словенка Меланија Кнавс, со која има и едно дете. Неговите говори против Обама се добро познати, а на времето и самиот сакаше да се кандидира за претседател, но се откажа во корист на Ромни.

Од друга страна, авторот на биографијата „Аматерот: Барак Обама во Белата куќа“, Едвард Клајн, тврди дека Барак и Мишел веќе биле пред развод, и тоа во 2010. Причина за тоа наводно било тоа што сегашниот претседател не ја послушал својата сопруга да не се натпреварува со демократот Боби Раш за место во американскиот Конгрес.

Медиумите шпекулираа и дека Обама имал љубовница.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе