Цел викенд топло и променливо време

Денеска во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, најмногу во западните и северозападните делови на земјава.Во југоисточниот дел на земјата ќе има услови за развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува и слаб до умерен ветер претежен од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со кратки сончеви периоди, а ќе има и услови за слаби повремени локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе искачи до 23 степени.

За време на викендот ќе продолжи променливо облачно и релативно топло време со услови за повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе бидат проследени со грмежи, а температурата ќе има тенденција на благо покачување

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе