Говедско Бургињон

Приготвување:

Во големо тенџере ставете доволно вода колку да се покрие дното (околу 1 мм во висина). На средна температура динстајте ја сланината додека водата да испари, повремено мешајќи.

Намалете ја температурата на средно-ниска и продолжете да ја динстате сланината додека поголем дел од маста да се стопи. Додајте 1 лажица путер и продолжете да динстате додека сланината да стане темна и крцкава. Префрлете ја сланината во тава за печење.

Зголемете ја температурата на средно-висока. Во истото тенџере пропржете ги парчињата говедско месо (на помали групи, за да не го преполните тенџерето). Не ги мешајте парчињата говедско сѐ додека одоздола не добијат убава румена боја, а потоа превртете ги од другата страна.

Кога ќе бидат румени од сите страни, префрлете ги парчињата месо во тавата со сланината.

Во тенџерето ставете 1 кг од ситните кромитчиња, па ситно сечканиот морков. Промешајте ги и динстајте ги 2-3 минути, а потоа додајте ги лукот и доматното пире. Динстајте уште 2-3 минути, често мешајќи.

Додајте го брендито и измешајте. Оставете го да врие додека половина од течноста да испари, а потоа содржината од тенџерето префрлете ја во тавата за печење.

Во тавата за печење додајте го шишето црвено вино и доволно говедска супа за да го покрие целото говедско (парчињата треба само да ѕиркаат од течноста). Додајте ги магдоносот, дафиновите листови, мајчината душица и каранфилчињата. Покријте ја тавата и оставете да крчка. По 1 час крчкање, додајте го вториот морков, исечен на парчиња од по 4-5 см. Оставете го да крчка уште 1 час, или додека говедското месо да омекне.

Во меѓувреме, исечкајте ги печурките.

Кога говедското ќе омекне, извадете го од тавата заедно со крупните моркови и ставете ги настрана во чинија. Она што ќе остане во тавата процедете го низ густа цедалка за да добиете сос. Зовријте го сосот, често проверувајќи му го вкусот. Ако почне да станува премногу солен, исклучете ја ринглата. Во спротивно, варете го додека од него да остане околу 600-700 мл течност.

Намалете ја температурата на средна и измешајте ги 3-те лажици брашно и 2-те лажици путер. Додајте во сосот една третина од смесата, почекајте да се растопи, па додајте ја втората третина, па третата. Сосот не смее да зоврие, но оставете го 2-3 минути многу слабо да крчка. Додајте уште 2 лажици бренди. Вкусете и додајте малку сол ако треба.

Загрејте една голема тава на висока температура и ставете ги печурките. Пржете ги на висока температура, често тресејќи ја тавата и мешајќи, сѐ додека не почнат да пуштаат вода, околу 4-5 минути. Додајте ги останатите 500 г од ситните кромитчиња и 3 лажици путер, посолете и промешајте. Пржете ги додека кромитчињата да почнат да потемнуваат. Тргнете ги од рингла.

Во чинија за послужување ставете ги говедското месо, крупните парчиња морков, печурките и целите кромитчиња, прелејте ги со сосот и послужете ги со компири, тестенини или крцкав леб.

Состојки:

200 г сланина, исечена на парчиња од 1-2 см

4 лажици несолен путер

1,5 кг говедски врат, сечен на коцки од по 4-5 см

сол

1,5 кг ситни кромитчиња

2 големи моркови, 1 ситно сечкан, 1 исечен на парчиња долги 4-5 см

4-5 лукчиња, ситно сечкани

2 лажици доматно пире

150 мл + 2 лажици бренди

1 шише црвено вино

300 мл говедска супа од коцка (и повеќе, по потреба)

половина китка сечкан свеж магдонос

2 дафинови листа

2 лажички сушена мајчина душица

4 цели каранфилчиња

500 г печурки

3 лажици брашно + 2 лажици путер

Објавено

Четврток, Октомври 11, 2012 - 01:22

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе